Романтична драма снимена според истоимениот познат роман од Џоџо Мојс. Лу Кларк (Емилија Кларк) е девојка од скромно семејство во мал град. Неамбициозна и заинтересирана за секојдневни нешта, Лу мисли дека знае многу работи. Но, она што не го знае е дека ќе ја загуби работата и дека ќе ѝ се случи нешто што целосно ќе ѝ го промени животот.
Вил Трејнор (Сем Клефлин) е успешен и богат млад човек кој водел динамичен живот пред да доживее сообраќајна несреќа и сега е парализиран. Лу добива работна можност да се грижи за него и да му помага.
На почетокот, Вил не знае дека Лу ќе биде таа што ќе му ја врати желбата за живот, а Лу не е свесна за прекрасните работи кои следат откако ќе ја прифати оваа работа.
Според критиките, „Пред да те запознаам” е прекрасна романтична драма за едно интересно и навидум незамисливо пријателство кое прераснува во љубов.
Премиерното прикажување на филмот пред македонската публика бешe на 23.06.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.