Овие прекрасни полици, ги дизајнираше продукт дизајнерот на мебел, Бурак Доган. Индустријскиот дизајнер од Турција, ги создал овие импресивни и впечатливи полици кои вашиот досаден sид или празната детска соба ги претвора во суперхеројско место. Полиците за книги доаѓаат во разни форми а вие сте должни да ја пронајдете онаа која го претставува вашиот супер херој, во борба против криминалот. Од Супермен и Капитен Америка, Вондер Вомен… Овие креации ќе го импресионираат секој, кој ќе дојде да го посети вашиот суперхеројски дом.