Деновите ви се прекратки, премногу стресни, немате време за сето она што сакате да го направите? По успехот на првиот паметен часовник, The Present, кој покажува моменти од 365-те денови во годината со цел повеќе да се посветиме на сегашниот миг, дизајнерот Скот Трифт направи нов часовник со сличен концепт. Today е најнов изум на часовник кој времето го покажува преку бои. Наместо минути и секунди, овој часовник е обоен во боите на небото кои ги менува во текот на 24 часа и така формира еден циклус. Белата линија на хоризонтот се менува како што денот полека завршува и почнува вечерта. На овој начин, корисниците многу поинаку и со променета перцепција ќе го гледаат текот на денот.