И ова лето продолжуваме со серијалот како сами да си направите едноставни, а ефектни летни фризури (1 дел, 2 дел, 3 дел). Денес, ви претставуваме една шик фризура која можете да ја направите и доколку имате средна должина на косата и ако косата ви е подолга. Ви треба малку вештина и креативност и за кратко време ќе имате шик фризура совршена за топлите, летни денови. Еве ги инструкциите.
Земете два прамена од косата, направете мала пунџа и зацврстете ги краевите со шноли. Прснете малку лак за долготрајност. Ефектот е поголем ако претходно ја навиткате косата. Локните ѝ даваат романтичен, летен изглед на косата. Едноставно, а убаво, нели?