Секој од нас има омилен начин на вежбање односно физичка активност, дали е тоа пилатес, фитнес, јога, пливање и.т.н. Но, повеќето од нас во времето кога сме на годишен летен одмор знаеме да запоставиме истото.
Ви советуваме еден интересен начин којшто се надеваме дека ќе ви биде интересен. Станува збор за вежбањето во вода. За сите оние кои не сакаат при вежбањето да се потат, ова е одличен начин за тоа.
Вежбањето во вода не создава притисок на зглобовите и мускулите како што тоа е случај кога вежбаме на суво. Ја подобрува циркулацијата на крвта а воедно и го регулира крвниот притисок. Чувството е прекрасно,погледнете! :)