Шпанскиот дизајнер Josep Ruà, го трансформирал стариот стан со низа проблеми во Валенсија, во современ penthouse со максимална функционалност. Станот кој првобитно беше опишан како мала кутија, потполно изолиранан однадвор со две самостојни тераси – му беше потребен редизајн, како би се разликувале дневните и ноќните простори. Местото за обедовање исто така му било предизвик, посебно заради недостаток на простор – иако станува збор за penthousе, станот има 70 квадратни метри вклучувајќи ги терасите.
Првиот чекор бил да се покрие едната тераса и да се претвори во спална соба. Вметнати се големи прозори, стаклени површини, големи огледала, големи полици за книги и светло кое не смее да биде во темни нијанси.
Станбениот простор ненаметливо се поврзува со убавата тераса, пружајќи чувство на континуитет помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.