Шведскиот моден бренд H&M ја откри новата high-performance спортска линија наречена “For Every Victory”. Линијата е креирана со помош, совети и предлози на шведскиот Олимписки тим, а содржи се, од спортски кратки и долги маици па се до спорска линија за трчање и вежбање.
Целата линија инспирирана е од униформата на шведскиот Олимписки тим за отворање на церемонијата, така да колекцијата се состои од палета на црна, сива,златна и загасена розе боја.