Секој има различен сет на потреби во својот работен простор, но сепак постојат неколку универзални начини на дизајнирање кои секого можат да го направат среќен. Иако на прв поглед изгледа дека е тоа голема работа и ангажман, но далеку е од тоа.
Создадете фокус во просторот
Секако дека треба да ги земете во предвид активностите кои ќе ги вршите во просторот. Потребна ви е работна маса, но за другата широка палета на задачи, одвоен фокусиран простор може да биде исто така важен и од корист.
Достапност до документите
Најважно е својот работен простот да го одржувате чист и организиран. Вградените плакари и отворените полици се едноставен начин како да ги организирате функционалните предмети со секоративните елемнети.
Нагласете го раборниот простор со лични предмети
Важно е да создадете простор во кој ќе бидете среќни и задоволни додека работите. Не заборавајте да вклучите неколку декоративни елементи и уметност на sидот која ќе го истакне вашиот вкус. Вашите лични предмети ќе ја диктираат и бојата во вачиот работен простор.
Внесете природна светлина
Истражувањата покажуваат дека присутноста на природната светлина во работниот простор, создава исклучително позитивно влијание на продуктивноста и моралот. Сем тоа, слободно вклучете во просторот и други природни елементи и свој дизајн. Свежото зеленило, ќе даде боја во работниот простор и ќе го крене вашето расположение.
Изберете неутрални бои
Едно од од основните правила од теоријата на боите е….дека бојата која ја бирате за украсување на просторот има силно влијание на вашето расположение. Светло сината на пример, често се толкува како боја која смирува, додека жолтата, предизвикува мачнина. Затоа фокусот поставете го на палетата на неутралните бои кои ќе ви овозможат во потполност да се концентрирате на работните задачи.