Познатата модна куќа Oscar de la Renta со право го носи епитетот “Великан” во модниот свет. Секако дека не е воопшто лесно да носи ваков епитет бидејќи со самото тоа и очекувањата се преголеми.
Модниот дизајнер Peter Coppinng кој веќе две години стои позади креациите на Oscar de la Renta e новото име кој продолжува да ја воодушевува публиката со својата работа и успешно ја продолжува традицијата носејќи го духот на модниот великан.
Тој неодамна ја претстави својата најнова модна колекција наречена ‘Resort 2017″. На прачањето од новинарите што точно би значел насловот, тој одговара многу едноставно и без многу мистифицирање. Ова е колекција која дамите може да ја носат секоја сезона односно сите четири годишни времиња.
Погледнете како изгледа оваа колекција, прекрасни креации на младиот дизајнер!