Модната куќа Шанел од неодамна започна нов серијал на интернет-видеа кој се нарекува Chanel Beauty Talks. Составен е од кратки видеа во кои познатите дами ни откриваат дел од нивните тајни и совети за убавина. Водител на серијалот е дизајнерката и мејк-ап артистката на Шанел, Лусија Пика. Ѕвезда на првата епизода е прекрасната Жизел Бундхен која открива како да заблескате со помош на едноставна, нежна и природна шминка со само неколку производи.
Во втората епизода од серијалот, своите трикови ни ги открива шармантната актерка Кира Најтли. Што се крие зад нејзиниот изглед, како ги средува веѓите и каква e шминката која ја гледаме во филмовите во кои глуми , дознајте во видеото подолу. Во оваа епизода, Лусија ја шминка Кира во гламурозен стил препознатлив за триесетите години.