Сезоната на бикини е се’ поблизу, a од H&M нудат идеална инспирација за таа намена. Во најновиот едиторијал ,,Summer Tales”, популарниот шведски бренд ги претстави најпосакуваните костими за капење за лето 2016 година. Моделот Cameron Russell позира крај море и на брод, носејќи микс од бикини, едноделни костими, но и летни комбинезони и наметки за на плажа. Според H&M, впечатливите принтови и комбинациите на јаки и живи бои се главни трендови за оваа сезона, а со преубавите парчиња од нивната колекција, летото дефинитивно може да започне!