Холандското студио Bomdesign, водено од Michael Bom е дизајнерско студио во чиј фокус е изработка на ламби. Дизајнерот употребува веќе искористени материјали, откривајќи ги нивните можности до максимум. На тој начин доаѓа до неочекувани и оригинални решенија.
Уникатни и рачно изработени, ламбите се интересно освежување за секоја просторија.