Ова лето, кампањата на познатиот шведски бренд IKEA не охрабрува да отвориме потполно нови видици, гледајќи ја околината на сосема поинаков начин. Со новата летна колекција на IKEA за 2016 година, секое место може да биде идеално за пикник со пријателите, или, пак, за тивки моменти со вашата омилена книга во рака. Колекцијата се фокусира на текстил, осветлување и декорации кои ќе направат поминатото време со саканите да биде вистинско уживање. Лесни и чисти чаршави, хартиени чинии, чаши за еднократна употреба и салфетки – во новиот асортиман ќе пронајдете се’ што ви е потребно за таа намена. Истовремено, каталогот нуди и мошне убави идеи и аксесоари со кои и балконот може да стане пријатно и функционално катче во домот, место за појадок, опуштање и попладневен одмор, или, пак, добро среден агол за вашите билки. За љубителите на готвењето или оние кои сакаат да седат на отворено во текот на летото, тука се преносната скара на ќумур, парчињата мебел за градината и сетот керамички садови, кои ќе ви бидат од полза за организирање на седенки и дружби со пријателите или соседите. А кога сонцето ќе зајде, доволно е да додадете пар LED светилки кои ќе создадат единствена атмосфера во дворот или на терасата.