Генералното правило секогаш важи – во исхраната треба да вклучите повеќе овошје и зеленчук како би го нахраниле организмот со витамини и минерали.
Овие 8 видови на храна ќе ви помогнат во детоксикација на вашиот организам.
Јаболката содржи пектини и богата е со калиум кој го регулира составот на течностите во организмот. Калиумот е за меките ткива исто што е калциумот за коските.
Грејп-цитрон, е исто така богат со калиум, витамин Ц и бета каротенот, ги чисти бубрезите и џигерот.
Кивито е единствено овошје кое го содржи витаминот Е, третиот најважен антиоксидант помеѓу витамините. Тој е силен борец против слободните радикали.
Здрави житарици, интегрални пецива и тестенини, компир и семките кои се богати со витамонот Б. Не паѓајте под влијание на други препораки кои сугерираат да ги исфрлите јагленохидратите од исхрана. Тие се важни и доколку правилно ги консумитрате, никогаш не се причина за дебелеење.
Зобните житарки го содржат реткиот витамин Х или биотин кој благотворно делува на косата, кожата и ноктите. Секако, се една од непходната храна за вашиот оранизам.
Гравот, грашокот и сојата се извор на протеини и едноставна, поздрава замена за месните протеини.
Рибата би требало да се консумира барем еднаш неделно. Плавата риба, сарделата, содржат омега – 3 масни киселини кои позитивно делуваат на нервниот систем, ја поправаат концентрацијата, ја намалуваат депресијата и заморот.
Вода….многу вода….не смеете да дехидрирате!