Доколку барате идеја какви сандали да купите, погледнете ја новата колекција на Aquazzurа. Овој супер популарен бренд на чевли, ја лансираше новата линија на сандали, инспирирана од јужно американскиот фолклор.
Aquazzura направи тотална еуфорија со своите сандали, прво со ресите а потоа со пом-пом топчињата. Нивните сандали ги гледаме на сите трендсетерки, а прогласени се за едни од најкомотните дизајнерски брендови.