Еден од најпосетуваните музеи во светот е секако парискиот музеј Лувр. Како белег на француската престолнина тој привлекува милиони посетители, на кои всушност им е потребна дури цела недела да можат да ги разгледаат сите дела кои се изложени тука.
Приказната за познатиот музеј започнува во далечната 1190 година. Тогаш тој претставувал замок на францускиот крал Филип II, а во истовреме бил и еден вид на тврдина која го штитела Париз од напади од непријателските војски.
Низ вековите музејот Лувр претрпувал низа промени за кои биле заслужни тогашните француски владетели. Денес, Лувр се протега на околу 40 хектари земја и се дели на два дела кои имаат четвороаголни форми. Всушност тој е еден огромен комплекс на крила и павиљони кои се протегаат на четири нивоа. Изложени преку 35.000 уметнички дела. Лувр е ремек дело на францускиот архитектонски класицизам со барокни елементи. Во него има голем удел и познатиот римски архитект ВИТРУВИЕ(Колонада на коринтски столбови). Фасадата на музејот е дело на познатиот француски архитект Claude Perraul. Во продолжени ви ги претставуваме некои од познатите дела големите мајстори на уметноста кои се изложени во Лувр.