Работа – Уште една недела полна со нервози, но вие духовито се носите во најтешките моменти.
Љубов – Имате голема подршка од партнерот кој е секогаш покрај вас кога треба.
Здравје – Што се однесува до здравјето, морате под хитно да ја намалите нервозата.
БИК
Работа – Вие сте крајно одговорни на работното место, никој друг од колегите не се труди да работи како вас.
Љубов – Дом, одмор и љубов сега ви се најпотребни, бидејќи на работа не ви цветаат рози.
Здравје – Повеќе спиење и одмор.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Да почнете од почеток е одлука на храбрите а не на плашливите, а вие сега добро го разбирате тоа.
Љубов – Партнерот има разбирање за вашите одлуки.
Здравје – Добро.
РАК
Работа – Финансиите ви се приоритет оваа недела.
Љубов – Луѓето во вашиот пријателски круг немаат разбирање за тоа на што го трошите најголемиот дел од времето.
Здравје – Повеќе пешачете.
ЛАВ
Работа – После краткиот одмор ве чека една напорна работна недела.
Љубов – Тие кои ве сакаат не можат да ве имаат, а тие кои вие ги посакувате – не можете да ги освоите. Добра е изреката – Каков плен бркаш – таков sвер стануваш!
Здравје – Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа – Краток пат и одмор ви се многу потребни.
Љубов – Љубов, би можела да ви случи на патување.
Зсравје – Здравјето добро ве служи.
ВАГА
Работа – Премногу размислувате наместо да делувате на време, кога деловните прилики се во прашање.
Љубов – Нова љубов ви се смешка наредниве денови.
Зравје – Не се нервирајте.
ШКОРПИЈА
Работа – Некои краткотрајни планови нема да ви успеат, но вие не отстапувајте од главната цел.
Љубов – Некоја личност од минатото, се уште ве вознемирува, не ви дава мир.
Здравје – Повеќе спиење.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Мали проблеми на работа и лоша финансиска ситуација.
Љубов – Заљубени сте и љубовта ви цвета оваа пролет.
Здравје – Проблеми со органите за дишење.
ЈАРЕЦ
Работа – Колегите не ви веруваат, а тоа ви создава дополнителен притисок на работа.
Љубов – Личноста крај вас ве сака и разбира.
Здравје – Добро.
ВОДОЛИЈА
Работа – Почнувате да се менувате и тоа дава добри резултати на деловен план.
Љубов – Премногу сте затворени.
Здравје – Добро се чувствувате.
РИБИ
Работа – Успешно ги завршувате деловните обврски и спремни сте за следниот проект.
Љубов – Партнерот ве почитува, повеќе од порано.
Здравје – Добро.