SNCF – француската национална државна железница, ги употреби уметничките дела на познатите светски уметници, покривајќи ја внатршноста на возовите со графички филмови кои ја имитираат импресионистичката уметност од Musée d’Orsay, архитектурата на палатата Versailles и сликите од Cinema Gaumont – најстарото филмско друштво на светот. Така за време на возењето, патниците можат да се одушевуваат на “Утринското сонце” на Claude Monet или обоените стаклени sидови на Musée d’Orsay.