Американскиот бренд Ralph Lauren е синоним за безвременски стил и модерен луксуз, со потписот на еден од најдобрите дизајнери на денешницата. Покрај во модната сфера, компанијата постојано претставува нови, интересни и тематски колекции и за уредување домот. Иако со различни теми, една работа останува непроменета – уникатниот и непогрешлив дизајн со благ вкус на луксуз и гламур. Ви ги претставуваме преубавите фотографии од најновите каталози на линијата Ralph Lauren Home, полни со инспиративни идеи, предлози и аксесоари за освежување на домот во екот на новата сезона.