Најуспешните луѓе на свет читаат , ама читаат многу. Сите, од Warren Buffett до Mark Zuckerberg и Bill Gates, се повеќе од обични читатели – Buffett изјави дека 80% од денот го поминува на читање.
Сем што читањето помага подобро да помните и подобро да се релаксирате, тоа на вашиот мозок ќе му даде можност за ментален одмор, а притоа да не се исклучите потполно. Во текот на тој ментален одмор, се случуваат најдобрите идеи и генијални моменти.
Секако, важно е и што читате. Најуспешните луѓе на светот ретко читаат фикција, а најчесто едукативни книги и публикации, односно биографии на луѓе чии животи инспирираат и мотивираат за понатаошен напредок.
Значи, која книга ја одбравте за оваа недела?