Саем за туризам и експанзија на мали бизниси во Македонија
Органска храна и зачини, врвни деликатеси, рачно изработен накит, нови туристички капацитети по најповолни цени, ексклузивна облека за која жените се спремни и душата да ја трампаат, се дел од вториот саем за туризам кој овој пат ја претставува
Пелагонија како нов економски мотор во Македонија.
Со почеток од 12.00ч во Вторник, се до Среда 18:00ч, во Јавна соба ќе се одржи вториот регионален саем за туризам и експанзија на мали бизниси. Целта на овој саем е да се доближи локалниот потенцијал од Пелагонија пред пошироката публика.
Во отсуство на нови локални брендови на пазарот и презаситеност од странски продукти кои со години се позиционирани на рафтовите низ маркетите, граѓаните и деловниот сектор во Македонија веќе подолго време трагаат по ново креативно изненадување. Од таа причина е и организиран овој саем кој има за цел да ги доближи сите новитети од Пелагонискиот регион.
Она што особено ќе ја освои урбаната публика во Скопје се: свежо приготвена преспанска белвица и крап, крушевски локум, пелистерски мед, слатка и мармалади од нови локални производители, пикантни макала и сосеви, дивеч приготвен на преспански начин, накит и ракотворби. Целата оваа смотра со други зборови може да се нарече саем на македонски хедонизам. Посетителите ќе можат да учествуваат во дегустации на храна како и на работилници за изработка на вез, накит и вапцање на јајца. Дополнително, на саемот ќе се претстави и “Мариово off road” понуда за авантуристи како дел од спортскорекреативната понуда во Пелагонија.
На оргомно задовоство на женската популација, која редовно се снабдува со светски познатите брендови од производителот “Кули” од Прилеп, овој пат последните модели на женска облека, сезона 2016 -2017, ќе бидат претставени во дизајн продавницата во Јавна соба по намалени цени.
Регионалниот саем за туризам ќе биде свечено отворен утре, Вторник во почеток во 12:00ч. Организиран е од локалните акциони групи ПеЛАГонија и Агролидер, со поддршка од Проектот на УСАИД, кофинансиран од Владата на Швајцаријца. Влезот во Јавна соба е бесплатен.