Ви ја прикажуваме колекцијата на невестински фустани за пролет 2017. на дизајнерката Carolina Herrera. Фустаните се исклучително вистински гламур и елеганција, цветната тантела е препознатлива во работата на оваа дизајнерка и се наоѓа во скоро секој невестински фустан. Тоа што посебно ја прави убава оваа невестинска колекција, се повеќе различни линии, како венчаницата – сирена, со нагласени облини, раскошните здолништа што потсетуваат како да се излезени од некоја бајка, како и фактот дека венчаниците се подеднакво убави на грбот како од предната страна.
Преовладува свилата, тридимензионални машни, украсени корсети, убава тантела и уште доста други детали, заради кои сакаме да ги видиме венчаниците од секој агол.