Има нешто елегантно и магично во сината боја. Дава мирен и спокоен амбиент и дополнително ја оплеменува секоја просторија. Многу дизајнери на ентериер се водат по правилото: ако сакаш соба во која сите ќе се чувствуваат пријатно, сината е вистинскиот избор. Без разлика дали е небесно сина, длабока темна нијанса или нешто помеѓу, со оваа кралска и шармантна боја не може да погрешите. Ние ви претставуваме неколку причини зошто да се одлучите за сина боја во домот. Инспирирајте се!