Спремете се за нешто поголемо од бајка.
Кога две злобни сестри се подготвуваат за освојување на земјиште; двајца отпадници – Ерик – ловецот, кој претходно имал помош од Снежана во победата над Равена, и неговата забранета љубовница Сара, ќе се обидат да ги спречат. Започнува војната против злобните, приказната за „Ловецот и ледената кралица“ која се случува пред Снежана. Ова е продолжение на епската акциона авантура „Снежана и ловецот“, која во 2012 година ја освои публиката ширум светот.
Фантастичниот свет на „Снежана и ловецот“ се проширува, откривајќи како судбините на ловецот Ерик и кралицата Равена се поврзани на опасен и длабок начин. Публиката повторно ќе биде хипнотизирана со продолжението „Ловецот и Ледената Кралица“, во кој Ледената Кралица ја игра Емили Блант, а со неа уште еднаш и Шарлиз Терон како Злобната Кралица, Крис Хемсворт како ловецот и Џесика Чaстејн во улогата на Сара. Режисер на филмот е Седрик Николас Тројан, сценариото го напишаа Крег Мазин и Еван Спилиотопулос, а продуцент е Џо Рот.
Дејството се случува многу години пред првиот филм. Многу години пред раѓањето на Снежана, злобната кралица Равена (Шарлиз Терон) станала непријател со сопствената сестра, ледената кралица Фреја (Емили Блант), која формирала војска со цел да го земе магичното огледало.
Но, работите нема да се одвиваат ниту според плановите на Равена, ниту според желбите на Фреја. Новиот филм се фокусира на ривалството помеѓу двете злобни кралици, но и борбата на Ловецот (Крис Хемсворт) да ги порази. Тој во војната против кралиците ќе добие помош од Сара (Џесика Частејн) жена-воин која со ладното оружје е опасна колку што е и самиот тој.
Премиерното прикажување на „Ловецот и ледената кралица“ пред македонската публика e на 21.04.2016 (четврток), по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.