Дизајнерскиот тим Jason Krugman и Scott Leinweber заедно го создале Splyt Light проектот, светло кое што можете да го дизајнирате и составите сами. Нивната идеја се развила од желбата да создадат нешто што е едноставно и интерактивно, а во исто време да може секој да си го дозволи.
Светлото може да се дизајнира на два начина: како ламба или како лустер.
Светлото се состои од повеќе компоненти, кои доаѓаат несоставени, па можете да ги дизајнирате така како што Ви се допаѓа и во онаа големина која што Ви одговара. Вака изгледаат несоставените компоненти.
Финалниот резултат може да биде креативна и практична идеја.