Еден месец откако ја продадоа нивната куќа во Малибу, Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки купија нов имот во истата област вреден 3.5 милиони долари. Новата куќа се протега на 4000 метри квадратни што значи огромен простор за нивните три деца. Куќата се наоѓа на прекрасна локација со преубав поглед. Внатре има 4 спални соби, 4 тоалети, кино сала и огромен двор опкружен со богато зеленило. Погледнете повеќе на фотографиите.
Инаку, популарниот актер се прослави со улогата на Тор во истоимениот филм во 2011-та, а потоа следеа „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон” и „Во срцето на морето.” И двата филмови беа на репертоарот на киното Cineplexx. Најновото филмско остварување на Крис Хемсворт со наслов „Ловецот и ледената кралица”, премиерно ќе биде прикажано во киното Cineplexx во четврток, 21.04.2016, по што ќе биде ставено на редовен репертоар.