Продолжение на филмот од 2002 кое ќе ве насмее и расположи исто како и првиот дел.
Во главните улоги повторно се појавуваат Тула (Ниа Вардалос) и Иан (Џон Корбет), но овојпат има и нови ликови. Во центарот на вниманието е нивната проблематична ќерка Париз која не се согласува со грчките традиции на воспитување. Тула и Иан се обидуваат да ја вратат роматиката во својот брак, а истовремено Тула треба да се грижи за нејзините постари родители и да ја одржува врската со сите нејзини роднини.
Во моментот кога се дознава една голема семејна тајна која сите ги шокира, целото семејство се подготвува за уште поголема грчка свадба.
Според критичарите, филмот е одлично продолжение на првиот дел кој ја освои публиката. Интересна комедија за блиските семејни врски, проблемите со кои се соочуваат сите брачни парови кои се долги години заедно, како и секојдневните маки на родителите со нивните бунтовни тинејџери.
Премиерното прикажување на „Мојата голема грчка свадба 2” пред македонската публика бешe на 31.03.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.