Златото е најскапиот и најпосакуваниот благороден метал во светот. Во старите култури и древни цивилизации тоа се сметало за Божествен дар. Некогаш и вредноста на парите се мерела со злато. Знаеме дека од златото се изработува најскапоцениот накит во светот. Но, дали можеби сте знаеле дека носењето на златен накит има и голем бенефит за нашето здравје.
Ви претставуваме неколку причини заради кои носењето на злато е добро за вас.
- Златото има антибактериски својства.
2. Го забавува трошењето на колагенот и еластинот, а поради тоа нашата кожа изгледа значително помладо.
3. Златото помага на молекулите со кислород да се транспортираат директно во кожата, со што таа се ревитализира многу побрзо од обично. Помага да се поништи штетната оксидација која настанува со секојдневната изложеност на токсините и загадувачите.
4. Златото помага при лимфната дренажа и добрата циркулација. Некои познати спа-центри своите третмани ги засноваат на база на злато.
Се верува дека египетската кралица Клеопатра спиела со златна маска на своето лице. Тоа е можеби една од нејзините тајни за убаво негувана кожа.
Во стариот Рим се правеле разни мелеми за лекување на разни заболувања.
Кинеската кралица од познатата династија Чин користела златен ваљакза масажа на своето лице. Долго време златото било една од важните компоненти во лечењето на ревматски артритис, а пак во старите времиња трудниците носеле златни ланчиња околу својот стомак се со цел за позитивни вибрации на својот фетус.