Цвеќето е вистински подарок кој ни го дава природата и кое секако може да ни го поправи нашето расположение. Но, знаеме дека сите имаме различни вкусови па така и што се однесува до цвеќињата сите имаме свое омилено цвеќе. Дознајте што кажува за вас вашиот омилен цвет.
1. Роза
Патувањата и авантурите се начин на живот за љубителите на овој прекрасен цвет. Различните култури и нивниот автентичен начин на живот едноставно ги фасцинира овие луѓе. Препознатливи се со тоа што имаат префинет вкус и се омилени во своето опкружување. Многу лесно воспоставуваат комуникација со другите луѓе.
2. Крин (Лилјани)
Најверојатно сте од оние личности кои во својот гардеробер имаат најразлини видови на чевли. Вие сте независна личност, и за вас личната слобода е пред се. Вие сте особа која знае точно што сака во својот живот.
3. Јоргован
Грациозни во своето однесување, овие личности го обожуваат топлото време. Тие се во состојба мирно и достоинствено да ги решаваат своите проблеми.
4. Орхидеја
Вие мора да сте од оние дами кои обожуваат да носат тантела. Нежни, суптилни и во исто време мистериозни вие имате големо влијание на посилниот пол. Земја на вашите сништа е Тајланд.
5. Магнолија
Љубезни личности, грациозни и со многу софистициран вкус за нештата. Чувствителни особи кои лесно можат да бидат повредени од страна на другите.
6.Гладиола
Најверојатно вашиот омилен пијалок е шампањот, а вашето омилено годишно време е пролетта. Вие сте стабилни личности кои со своето однесување предизвикувате почит во вашата околина.
7. Божур
Вие сте личност која посебно зрачи и посебно се истакнува со својата женственост. Адаптибини сте и се снаоѓате во секоја прилика и во секоје опкружување. Добро се чувствувате каде и да сте.