Најнежната драма на Паоло Сорентино.
Мајкл Кејн и Харви Кајтел донесоа животна длабочина во најнежниот филм до сега на Паоло Сорентино, „Младост“ . Филмот ни носи емотивно богата контемплација на животната мудрост која е здобиена, изгубена и запаметена. Ова е втор англиски филм на Сорентино.
Фред и Мик, двајца стари пријатели се на одмор во еден елегантен хотел во подножјето на Алпите. Фред е поранешен композитор и диригент, а сега е во пензија. Мик, кој е филмски режисер, сѐ уште работи.
Тие со љубопитност и нежност гледаат на збрканите животи на нивните деца, на младите полетни сценаристи што му помагаат на Мик и на другите гости во хотелот. Додека Мик макотрпно се труди да го заврши сценариото за филмот што смета дека ќе биде негов последен важен филм, Фред нема никаква намера да се врати на својата музичка кариера. Но, некој по секоја цена сака повторно да го види како диригент.
На 28мите Европски Филмски Награди, филмот „Младост“ доби награда за најдобар филм, најдобар режисер за Сорентино и најдобар актер за Кејн. Филмот беше номиниран за Оскар: за најдобра оригинална песна.
Премиерното прикажување на „Младост” пред македонската публика бешe на 07.04.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.