Фотографиите на Luciano Cina не се само обични фотографии. Тој ги разубавува со илустрации кои формираат сосема нова приказна. Дури и познатите туристички локации добиваат ново значење откако тој ќе си „поигра“ со нив.
Luciano е илустратор со италијанско потекло. За себе вели дека со помош на фотографија и iPad го менува секојдневието. На неговиот Инстаграм профил можете да ја пратите неговата работа.