Најновата колекција на познатиот моден креатор Christian Louboutin е наречена “Claire de Lune” и е инспирирана од убавините на месечевата светлина. Единствените апликации од кристали се застапени во 11 различни бои кои даваат ефект на месечева игра низ цветните полиња повикувајќи на ноќна романтика. Секој пар на чевли е украсен со кристали и рубини во најразлични боиод црвена, розе, небо-сина и.т.н. Дизајнерот со ова сакал да го постигне ефектот на звезди кои блескаат на вечерното небо. За најновата колекција познатиот креатор ја ангажирал една од најпознатите илустратори Кејт Роџерс која има за цел да го орржува концептот на оваа единствена колекција како таква. Погледнете ги овие прекрасни модели на “Claire de Lune”.