Архитектонската фирма Lund Hagem од Осло стои зад дизајнот на оваа прекрасна куќичка во Сандефјорд, Норвешка. Куќата е опкружена со зеленило и е всушност вградена во една карпа. Има само еден спрат со природна светлина од големите прозорци и тераса со величествен поглед на живописната природа наоколу. Целата куќа е изработена од комбинација на материјали од дрво и стакло, а мебелот дава топла и пријатна атмосфера идеална за престој далеку од градскиот метеж. Самата локација е избрана како место во кое ќе се споите со природата.