“Tansu” е традиционелен јапонски куфер од Едо периодот, кој го карактеризира единствената техника на составување на различни видови на дрво, без употреба на алат. Куферот е завршен со посебна техника наречена “urushi”, a станува збор за јапонски облик на лак. “Tansu” куферот е украсен со декоративно железо со помош на техника од древната уметност “echizen uchi-hamono”. Станува збор за техника на леење на челик, стара 700 години, која повеќе пати го топи челикот кој станува отпорен, долготраен производ.
Yuuku Yamaguchi од дизајнерската куќа Furnitureholic, ги креираше овие два модела на “tansu”ковчези кои тежат околу 10 кг. Не се погодни за аеродроми, но се идеални за останати патувања како пикник, за уметници и модни случувања. Додека розевиот, идеален е како додаток за детска соба.