Новата пролетна кампања пролет – лето 2016, на познатиот бренд Max Mara, полна е со линии и sвездички! Данскиот модел Freja Beha Erichsen, позира во прекрасни удобни полувери и пaнаталони со широки ногавици. А што се однесува до модните додатоци, Freja Beha носи кружни сончеви очила и торби со ремени кои потсетуваат на конопи и наутички детали.
Фокусот е ставен на морските линии, црно-белите sвездички и релаксирани кроеви. Во пролетната колкеција, панталоните и сакоата се украсени со декоративни копчиња а на модните додатоци и торбите забележени се илустрациите на Brian Grimwood.