Првите почетоци на овој грандиозен московски театар датираат уште во далечната 1776 година. Тој во прво време функционирал како приватна театарска куќа. Руската царица Екатерина IIму го дала правото на тогашниот кнез Петар Урусов да може во наредните десет години да организира театарски претстави, маскембали,разни балови и многу други видиви уметнички збиднувања. Во 1780 година покрај драмските претстави за прв пат почнале да се одржуваат и оперски претстави. Во историјата на овој театар најзначајна улога имал Московскиот Универзитет кој со своето квалитетно образование потоа давал врвни уметници. Првата зграда на театарот била изградена за шест месеци, а официјално тој бил отворен на 30 декември во 1780 година. Во тогашна царска Русија Большой театарот “памти” три по ред кралски крунисувања а тоа се на царевите Александар II и III, ина царот Николај Романов. После Октомвриската Револуција, на тетатарот му бил одземен статусот (царски) a зградата со години била во служба на тогашната Комунистичка партија. Театарот денес брои повеќе од 2500 вработени. Тој е еден од најзначајните симболи како на царска така и на современа Русија. Синоним за врвни уметнички перформанси оперни, театарски како и многу други видиви на претстави тој во својата исрорија имал многу бурни моменти делејќи ја судбината на рускиот народ но и во исто време давајќи му некој ви утеха и бегство од течкото секојденевие. За сите оние кои го посетиле барем еднаш Большой таетарот тој не само што претставува врвно доживување туку и сеќавање кое се памети за цел живот.