Прекрасна вила за вистински боемски одмор која се наоѓа во близина на Будимпешта.
Вилата е изградена во 1881 година, а од пред неколку години и целосно реставрирана. Вкупната површина изнесува 500 m2, а може да прими 14 гости. Има шест спални соби, три работни соби, три дневни соби и зимска градина одвоена со стакло. Во вилата има делови од изворниот мебел, како и нов мебел дизајниран од дизајнерскиот тим Brody Group. Она што е интересно за оваа вила е тоа што освен класичен одмор и релаксација кои ги нуди, работните соби во вилата, како и градината, можете да ги користите и ако добиете инспирација за творење, без разлика дали е пишување, сликање, компонирање и сл. Токму поради тоа ја нарекуваат „боемска вила”. Во последно време, овој простор е многу популарен за мали свадби, забави или други слични настани.