Сите како деца сме сонувале за куќа на дрво! Aibek Almasov, архитект од Казахстан си го оставри тој сон креирајќи куќа на дрво каква никогаш досега не сме виделе!
Almasov ја направи куќата околу дрвото, вртејќи го животниот простор околу 12 метри високата елка, која стана централен елемент на домот. Наместо традиционална, оваа куќа има цилиндрична стаклена структура која го обвиткува дрвото. Иако структурата не нуди многу приватност на станарите, таа сепак им овозможува поглед од 360 степени на пејсажот околу нив.
Сите 4 ката на куќата користат енергија преку панелите, геотермалното греење и составите за климатизација. Ќуката е изградена за 38-годишниот бизнисмен минатата година, за цена од 240.000 фунти…според Дејли Меил. Би кажале …висока цена за куќа на дрво….