Пролетта веќе ни пристигна и календарски, времето станува се потопло. Тексасот е во тренд и оваа пролет. Можете да испробате безброј можни комбинации со тексасот, а притоа да изгледате истобремено, модерно и елегантно и да се чувствувате пријатно во текот на целиот ден. Како што напоменавме тексас-шорцевите се многу актуелни и оваа сезона, а можете да ги најдете во сите можни бои и дезени. Пронајдете го вашиот омилен модел, а се разбира и оној кој најмногу ви одговара и комбинирајте го со вашите омилени парчиња гардероба. Уживајте во топлото време и бидете забележани каде и да се појавите. Ви претставуваме неколку предлози како да ги комбинирате тексас шорцевите.