Пет песеци по заминувањето на Alber Elbaz од местото на главен дизајнер на Lanvin, најпосле дознавме кој ќе го замени – Bouchra Jarrar, 45 – годишна дизајнерка кој е дел од оваа haute couture модна куќа, уште од 2013 година.
Со повеќе од 20 години искуство зад себе, Jarrar работеше за Jean Paul-Gaultie, Balenciagа и Christian Lacroix. Позната по извонредниот кројачки занает, Jarrar се чини дека е достојна замена.
“Голема чест е да се продолжи промоцијата на стилот на Lanvin, со креации создадени со помош на одличниот тим на нашиот бренд, кој се состои со феноменални професионалци. Соработувајќи со Lanvin, добив можност да го зголемам својот уметнички опус на пошироко експресивно поле. Мојата намера е да ја донесам хармонијата на Lanvin доследно, дизајнирана за жените на нашето време”, кажа Jarrar на службената изјава за медиумите.