Најновата колекција на декоративна козметика од модната куќа Долче и Габана го носи името Rosa Look 2016. Розата како архетипски симбол одамна е инспирација за двајцата дизајнери, па пролетната колекција е посветена токму на тој цвет. Палетата сенки доаѓа во розови мат нијанси, за дневен изглед, додека за интензивен изглед за навечер во бакарни и златни тонови со светкава структура. Во колекцијата спаѓаат и прекрасно руменило за природен изглед, како и моливи за очи, лакови за нокти и долготрајни кармини во нежни нијанси заедно со моливи за уста во истите бои.