Овие фотографии изгледаат толку нереално и волшебно со својот колорит и целокупен амбиент, што е навистина тешко да се поверува дека се вистински, а не дело на фотошоп.
Автор е Nelleke Pieters од Холандија, за кој фотографијата е само хоби. Сите фотографии се од холандскиот крај Veluwe.
Интересно е да се знае дека ниту еден објект на фотографиите не е додаден, сите сончеви зраци, листови и патеки се вистински.
Можете да ги погледнете сите фотографии на Nelleke Pieters тука.