Дизајнерскиот тим на Dior, предводен од Serge Ruffieux и Lucie Meier, ја покажа првата главна колекција за сезоната есен-зима 2016., на париската модна недела. Иако есента Raf Simons отиде од Dior, и оваа колекција ја одбележуваат неговите препознатливи силуети.
Бар јакните, пеплум кројот во струкот и елегантните едно рамо отворени модели, доминираа во оваа колекција.
Кој следен ќе дојде на местото на креативниот директор на Диор? Имињата кои кружат ги вклучуваат Alber Elbaz (беше во Lanvin) и Sarah Burton од McQueen.
Во меѓувреме, есенската колекција изгледа убаво, елегантно и женствено – додека го чекаме главниот дизајнер.