Речиси една недела пред Меѓународниот ден на жената, Emma Watson ја објави насловната страница на специјалното издание на Esquire UK за овој април.
Доколку сте запознаени со ставовите и кампањата на младата актерка, а воедно и амбасадор на Обединетите Нации, можете да претпоставите за што станува збор.
Во последните години кампањата на Watson, „HeforShe“, прикажа огромен напредок кој беше поддржан од многу лица на јавноста, но сепак треба уште многу да се направи. Целата идеја во оваа кампања е да се поканат мажите на учество во борбата за полова еднаквост.
Рамо до рамо со Tom Hanks, Emma не повикува сите да разговараме. Да разговараме за нашите улоги, за одговорностите и феминизмот. За она во што сме слични и за она во што се разликуваме.
Динамичното дуо на насловната страна од 26 – страното издание.