Ако се прашувате како, тогаш одговорот е многу едноставен – инвестирајте во обувки со реси. Чевлите со детали во облик на реси ќе бидат вистински хит оваа пролет. Совршени за опуштен бохо фазон и шик изглед, популарните обувки со реси се достапни во различни варијанти и бои.
Сепак, најмодерен модел, кој веќе масовно го купуваат дамите со стил ширум светот, се полудлабоките чевли од антилопска кожа, со благо отворени прсти и потпетица со средна висина. Идеални се за долги прошетки, а можете да ги комбинирате со буквално се’. Тесни или „boyfriend“ фармерки, кожни хеланки, сукњи со секаков крој, кошули – изборот е бесконечен, бидејки се толку единствени, што лесно можете да ги вклопите со сите модни парчиња од вашиот орман.