Доколку сте љубители на едноставни, а ефектни украси за домот кои можете сами да си ги направите, ова е вистинскиот проект за вас. Со малку труд и креативност можете да го разубавите домот со една ваква магична тегличка со самовила. Освен самовила- украс, потребни ви се и: лепак, четка, светки, хартија, конопен конец и додатоци по ваша желба. Наместо самовила, можете да ставите некој друг украс, како на пример срце, ѕвездичка и сл. Малата свеќичка што ќе ја ставите во теглата ќе придонесе за уште поубава и магична атмосфера во домот.