Време е за детоксикација (чистење) на организмот!
Сезонскиот детокс, е добар начин да го исчистите телото од токсини, да го забрзате метаболизмот и подобрите севкупното здравје! Со овие неколку супер едноставни начини ќе направите комплетен детокс без мака! Верувајте ни, ќе се чувствувате подобро од било кога, со засилен имунитет и спремни за поздрав почеток на пролетта!
- Започнете со намалување на шеќерот кој го внесувате во организмот – а тоа го вклучува и медот, меласата и вештачките засладувачи. Ако консумирате многу шеќер, вашето тело мора да произведува повеќе инсулин, долгорочно, ваков начин на живот може да го предизвика дијабетесот, хроничен замор или едноставно зголемени килограми.
- Секое утро испијте чаша вода со исцеден лимон. Лимонот помага во рехидратацијата и побрзо отсранување на отпадот од вашиот организам.
- Редовни телесни вежби кои ја креваат циркулацијата во крвниот и лимфниот состав. Го смалувате стресот и го зајакнувате своето тело. Докажан факт е дека луѓето кои повеќе вежбаат имаат помалку токсини.
- Чајот, не само што е полн со антиоксиданти, туку врши и хидратација на вашето тело, ако е од билки, а воедно го намалува гладот. Тоа значи дека шансите за прејадување се многу мали, а кофеинот кој се наоѓа во чајот е многу поблаг за вашето тело отколку тој во кафето.
- Разните видови на овошје и зеленчук во исхраната би требало да биде вашиот главен фокус. Треба да јадете што повеќе свежа и органска храна, на преработената и недостасува се она ошта на вашето тело му треба и бара. Темно зелениот зеленчук, има ниска калорична вредност, па слободно можете да претерате со него.
- Не заборавајте дека алергените и загадувањата се секаде околу нас. Насекаде се во воздухот и во секој момент може да се развие алергијска реакција. Тоа што стручните лица често предлагаат е плакнење на носната празнина, како би ги елиминирале загадувањата од воздухот кои можат да доведат до потешкотии со дишењето.
- Редовна посета на сауни, можат да направат голема помош во ослободување на токсините од телото – затоа што зноењето е една од главните ставки на детоксот.