Добриот вкус не подразбира само купување квалитетни парчиња облека и детали, туку и да знаете како да ги комбинирате, особено кога се боите во прашање. Со будењето на пролетта, температурите постепено се зголемуваат, но слоевитото облекување е се’ уште присутно. Сепак, ведрите и светли бои, но и полесните и лежерни материјали се тие кои го наговестуваат крајот на зимата, а најавуваат доаѓањето на новото годишно доба. Најголемиот моден предизвик е како да се облечете пријатно и комфорно, а притоа да изгледате убаво и разиграно, полни со енергија и живост. За таа намена, ви претставуваме 12 модни предлози за пролетната сезона. Инспирирајте се од примерите во нашата галерија и пронајдете ја совршената палета за модерен изглед со стил.