Жолтата боја е како вистинска пролетна инекција: внесува оптимизам, ведрина и динамика во секој простор. Со неа можете да ги поздравите пролетта и летото, или, пак, задржите сончевото расположение во текот на есента и зимата. Таа е жива и забавна боја, која како ниедна друга има моќ да ги покани среќата и доброто расположение во домот. Сепак, ретко ќе ја пронајдете во модерното уредување на ентериерот. Зошто? Можеби затоа што жолтата е специфична и авантуристичка боја. Или, пак, затоа што е тешко да се пронајдат инспиративни идеи за жолти ентериери. За таа намена, пронајдовме неколку стилски домови со жолти детали, за да ве охрабриме и поттикнеме – доколку и не сте баш сигурни како оваа боја може да изгледа во животниот амбиент, а со задоволство би ја испробале. Ви претставуваме 25 дневни соби кои ја прикажуваат флексибилноста на оваа сончева боја, од светол мебел до нежни пастелни палети. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената тема за вашиот дневен престој.