Доколку сте мудри во купувањето, започнете уште сега да го планирате пролетниот, ваш моден изглед! На пролет се уште времето ќе биде со ветер и дожд, така да од попустите сега, можете да купите чевли, волнени мантили, ветровки, кожни здолништа, долчевита фустани, слоевити блузи, кардигани од кашмир и волнени хулахопки за вечените пролетни часови. Овие неколку парчиња кои ви ги предлагаме, ќе бидат хит оваа пролет, а доколку ги купите сега, ќе внесат и малку пролет во вашиот зимски гардеробер!